Матичната собраниска Комисија треба да се изјасни за Предлогот за раководител на внатрешна контрола во АНБ
Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и на Агенцијата за разузнавање денеска одржува седница на која на дневен ред е давање согласност за назначување раководител на организационата единица за внатрешна контрола во АНБ.
Директорот на АНБ Зарко Милошевски за позицијата го предложи Миле Костов дипломиран правник со 28-годишно работно искуство во службата. Истакна дека Костов својот професионален развој го започнал во 1994 година како оперативен работник кој ги поминал сите работни нивоа во службата и има дадено исклучителен придонес во заштитата на националната безбедност.
-Се работи за личност за која лично сметам дека со својот авторитет, искуство и одлично познавање на законските надлежности ќе одговори на оваа значајна позиција и ќе претставува контролен механизам во работењето на Агенцијата. Со неговиот професионален интегритет, кредибилитет и углед што го има меѓу колегите ќе даде особен придонес во унапредувањето на професионалните стандарди и јакнењето на интегритетот на вработените, како и доследно почитување на законските и подзаконските акти на Агенцијата во целост, рече Милошевски.
Зaради сензитивноста на информациите кои би биле изнесени на седницата во текот на дебатата и со оглед на фактот дека систематизацијата на АНБ е класифициран документ, директорот на Агенцијата Милошевски побара таа да биде затворена за јавност, по што претседателот на Комисијата пратеникот Пренџов откако предлогот беше прифатен од мнозинството членови на Комисијата ја продолжи работата зад затворени врати.
Согласно членот 53 од Законот за АНБ раководителот на организационата единица за внатрешна контрола го назначува директорот на АНБ по претходна согласност од надлежното работно тело на Собранието за период од 6 години.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: За непријателите на Израел нема имунитет
-

СВР Струмица со повеќе активности го одбележа 7 Мај – Денот на македонската полиција
-

Шеснаесет возачи возеле без дозвола, кај еден од возачите пронајдена марихуана, а возач од Тетово возел со 1,46 промили алкохол
-

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан, потврдија од СВР Штип
-

Андоновски: Дигитализацијата е алатка за поконкурентна економија
-

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители
-

Научник за само еден месец изел 720 јајца
-

Мицкоски: Наскоро ново проширување на лекови од позитивната листа
