Македонија
31. July 2024 - 11:02

Маж од радовишко подметнувал пожари, полицијата го уапси

Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш вчера го лишија од слобода С.Р. од радовишкото село Али Коч затоа што подметнал пожари во близина на селото.

Како што информираат од МВР, вчера во 12:00 во ОВР Радовиш од страна на ТППЕ Радовиш е пријавено дека на две места во близина на село Али Коч настанале пожари, при што горела дабова шума.

-По преземени мерки и активности, од страна на полициски службеници од ОВР Радовиш утврдено е дека С.Р. ги подметнал пожарите односно сторил кривично дело по член 288 „предизвикување општа опасност“ и кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по чл.227 од КЗ. С.Р. е лишен од слобода и во службен разговор признал дека ги сторил кривичните дела, по што е задржан во ОВР Радовиш, соопшти МВР.

По документирање на случајот, ОВР Радовиш до надлежното ОЈО Струмица ќе поднесе соодветна кривична пријава.