Маж повреден во пожар во стариот дел на Велес

Едно лице е повредено во пожар што попладнево избувна во куќа во стариот дел во Велес. Шеесет и двогодишниот маж кој има изгореници, исеченици на главата и труење е задржан на болничко лекување во Општата болница во Велес.
Според СВР Велес во 13:00 часот било пријавено дека пожар избувнал во куќа во стариот дел на градот на улицата „Кирил и Методиј“. Како што информира Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес, екипи на Територијалната противпожарна единица се сеуште на терен, а пожарот сеуште не е локализиран.
Од Хирушкото одделение при ЈЗУ Општа болница - Велес информираат дека повредениот 62 - годишен маж е вон животна опасност и на кој по приемот во 14 часот и 40 минути веднаш му била укажана прва помош и реанимација. Тој од пожарот имал изгореници по целото тело и исеченици на главата, како и труење со чад на белите дробови, поради што е задржан на лекување во велешката болница.
Ново на Сител
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
-

Дали Безбеден град ќе го промени однесувањето на возачите и пешаците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
