Маж во Атина застрелан во автомобил со најмалку 15 куршуми
Во населба во северниот дел на Атина, утрово беше пронајден 54-годишен маж смртно ранет со огнено оружје во автомобил, а според првичните неофицијални информации, бил застрелан со најмалку 15 куршуми, јави дописничката на МИА од Атина.
Веројатно мажот бил убиен од непосредна близина, од лице кое се превезувало на мотор, а сè уште е непознато дали имал и соучесник.
Убиството се случи кусо пред 8.30 часот утрово, а жртвата заедно со уште едно лице имале фирма за топографски студии.
Според аудио материјалот од безбедносна камера што го објавија грчките медиуми се слушаат околу 15 истрели, мала пауза и уште неколку истрели, што упатува на мафијашка ликвидација.
Причините и мотивите за убиството засега се непознати, а во тек е истрага на полицијата.
Весникот „Катимерини“ пишува дека според нивни информации, 54-годишниот пред неколку години во полиција пријавил дека бил физички нападнат.
Ново на Сител
-
Демонстрации во Барселона против прекумерниот туризам
-
Жестоки борби во источна Украина, Русите напаѓаат се повеќе локации во Доњецк
-
Претседателот на Владата Мицкоски ќе ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО
-
ЦУК: Сите 18 пожари на отворено се изгаснати и од нив активни утрово нема
-
Санкционирани 134 возачи во Скопје
-
Сончево и топло, максималната температура до 38 степени
-
Во Израел денеска е ден на протести, со барање за распишување избори
-
Втор круг од парламентарните избори во Франција, се предвидува релативна победа на десницата