Маж вооружен со нож се обиде да влезе во зграда на белгиската Влада
– Маж вооружен со нож утрово се обидел да влезе во зграда каде се сместени административните служби на белгискиот премиер, но бил оневозможен во намерата и совладан од припадници воената полиција, јави дописникот на МИА од Брисел.
– Можеме да потврдиме дека околу 10:00 часот денеска, еден маж е уапсен пред владината зграда, соопшти бриселската полицијата.
Директорот на Службата за односи со јавноста на премиерот Александер де Кро, Баренд Лејтс во изјава за весникот „Соар“ го потврди инцидентот.
– Лицето е однесено во полициска станица, изјави Лејтс, нагласувајќи дека при интервенцијата нема повредени полицајци.
Полицијата информира дека приведениот „наводно бил вооружен со нож“ и упатувал закани кон присутните припадници на воената полиција, кои го совладале.
– Неговите мотиви засега се нејасни, се наведува во полициското соопштение, при што се додава дека во тек е полициска истрага за случајот. Идентитетот на приведениот засега не е соопштен.
Ново на Сител
-
Канадскиот премиер Трудо најави контрацарини од 25 отсто на американските стоки
-
Маркетите со речиси преполовен промет по бојкотот, Владата за утре најавува детали од инспекциите
-
Блокадата на „Мостот Слобода“ во Нови Сад траеше цела ноќ, студентите спиеја на улица
-
Сенката на можна трговска војна се надвиснува над односите ЕУ-САД
-
Утре без струја делови од Зелениково, Кисела Вода и Сарај
-
Магла утринава на неколку патни правци
-
Променливо облачно, претпладне со магла по котлините
-
Тројца мaлолетници нападнале син на државјанин на Белорусија