-->
-->
„Мажена сум за Арап како втора жена - Се согласив свесно на таков брак, се венчавме пред Алах
-->
Се почесто се склучуваат бракови меѓу Босанки и бизнисмени од арапските земји, кои се веќе оженети. Поради притисокот од нивниот татко или брат, Босанките стануваат втори жени, па дури и трети на странски државјани, но остануваат да живеат во Босна и Херцеговина.
36-годишната жена од Сараево, која од првиот брак има две деца, станала втора жена на еден Арап. Таа објаснува дека за околку два месеца, по телефонски пат и видео порака се запознала со неговиот начин на живот и со обичаите. Нејзиниот татко и дал согласност за склучување на брак и се венчале во Сараево.
– Се согласив свесно на таков брак, се венчавме пред Алах…, вели жената од Сараево.
Таа тврди дека познава уште 20 жени кои стануваат втори, а една познава која е и трета жена на еден Арап.
Исламската заедница во Босна наведува дека немаат податоци за ваквата појава. Доколку некој има направено вакво венчавање тоа би било казниво, бидејќи тоа би значело кршење на процедурите кои постојат во Исламската заедница.
Имено, пред склучување на шеријатското во Босна е потребно да се направи општинско венчавање која се склучува во склоп со Семејниот закон. Според тој закон, не е можна полигамија – да еден сопружник има повеќе жени.
Се согласуваат на брак со Арап, како што вели оваа жена, била свесна дека нејзиниот маж нема да биде со неа секој ден. Објаснува дека тој доаѓа во Босна речиси секој месец, поради работните обврски кои ги има во Босна.
– Што се донесува до мојот маж, тој е душа од човек. Секој ден се слушаме и се гледаме преку видео порака. Мене не ми недостасуваат тие убави зборови и бакнежи, раскажува жената и таа додала дека во целост го почувствувала неговото почитување и неговата љубов.
Според нејзините зборови, времето додека нејзиниот маж не е во Босна го користи да биде со децата, да одмори психички , едноставно има време само за себе.
– Кога е тој тука, јас уживам..
Жените кои се мажат за Арапи мораат да го прифатат фактот дека нивните мажи нема постојано да бидат со нив, бидејќи тие веќе се оженети, имаат деца, работа во другите држави.
– Ако жената се согласила да го дели својот маж со друга жена, мора да ги прифати условите кои ги носат таквиот брак, предупредува оваа Босанка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз