Мажите не сакаат слаби жени
Британскиот весник „Дејли Мејл“ неодамна спроведе мало истражување за да добие одговор на вечото прашање: Каква форма на женско тело најмногу ги привлекува мажите?
Со експанијата „плус-сајзес“ модели, на што пред се може да и се заблагодари на познатата манекенка, Ешли Грахам, во прв план дојдоа облините, но се уште е врежано мислењето дека мажите сепак сакаат слаби жени. Па која е вистината?
Во истражувањето учествувале три жени со различни градби: едната имала мал вишок на килограми, другата била слаба, а третата била атлетски градена. Сите три истовремено морале да застанат пред групата мажи кои носеле детектори кои забележувале на која дама најдолго им се задржал погледот, односно вниманието.
Резултатите го открија следното: 36 отсто од мажите погледот најдолго го задржале на жената со облини, 35 проценти од нив на онаа со атлетска градба, а 29 отсто на слабата.
Со тоа јасно е дека ерата на слаби жени официјално е зад нас, што е добро да се слушне, бидејќи „твиги“ изгледот испраќаше целосно погрешна порака до девојчињата и жените од целиот свет, кои неможејќи да поситгнат таков изглед често се чувствуваа недоволно сакани.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација