-->
-->
Мечот за светски шаховски првак стартуваше со реми
-->
Во Дубаи стартуваше шаховскиот меч за светски првак помеѓу бранителот на трофејот Магнус Карлсен и неговиот предизвикувач Јан Непомњашчиј.
Првата партија во која рускиот шахист ги водеше белите фигури заврши со реми иако Карлсен имаше иницијатива и вршеше голем притисок кој противникот го издржа.
Норвешкиот шахист досега два пати ја одбрани светската титула која ја освои во 2013-тата година кога го совлада Индиецот Ананд.
Победникот во овој меч кој се игра во 14 партии ќе добие 2 милиони долари.
Денеска на програмата е втората партија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поплави во скопско
-
ЗПЛ: Ординациите ни се претворија во печатници
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
„Бизнис лидер“ е новиот проект каде ќе се најдат најуспешните компании
-
Од први јули минимално поскапува струјата
-
Пензионерите со нови услови
-
Бугарија бара Брисел да не потсети дека треба да ги донесеме уставните измени
-
Невремето затвори операциони сали во ГОБ 8-ми септември