Мецола им порача на хрватските гласачи да пратат проевропски политичари во Европскиот парламент
На изборите за Европскиот парламент следната година, изберете проевропски политичари кои ќе ја водат Хрватска напред, им порача на хрватските гласачи неговата претседателка Роберта Мецола пред нејзината посета на Загреб.
Мецола доаѓа во Хрватска во прва службена посета како претседател на Европскиот парламент (ЕП) на 19 и 20 јуни на покана на претседателот на хрватскиот Парламент Гордан Јандроковиќ.
-Мојата посета доаѓа во време кога навистина можеме да ги славиме достигнувањата на Хрватска откако стана членка на ЕУ. Фантастични одлуки оваа година за влез во Шенген зоната и во еврозоната. Затоа, мојата порака ќе биде: бидете горди на достигнувањата на вашата земја, рече Мецола во интервју за Хина во Стразбур.
Таа в понеделник ќе разговара со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, ќе учествува на конференција за десетгодишнината од членството на Хрватска во ЕУ и ќе разговара со млади. Во вторник ќе се сретне со Јандроковиќ и ќе разговара со хрватските пратениците.
Ново на Сител
-
30 години дипломатски односи со Јапонија
-
Македонски шуми започнуваат со обнова на расадниците
-
Пазарите преплавени со лажен фалсификуван мед
-
Преглед на вестите од светот
-
14 загинати, меѓу нив и Македонец при уривање на бетонска конструкција на железничката станица во Нови Сад
-
Како да се заштитите од фишинг напади?
-
Тема на денот со Малинка Ристевска Јорданова, експерт за ЕУ
-
По години чекање и живот во сенка, Бадема Барути доби македонско државјанство