Медицински факултет: Избраните кандидати беа далеку подобро рангирани од д-р Василевски - не беше доведен во понеповолна положба

Медицинскиот факултет се огласи откако утрово лекарот Дарко Василевски започна штрајк со глад пред Деканатот, со обвинување дека трет пат бил дискриминиран на јавен оглас за вработување.
Оттаму велат дека постапкате за вработување на доктори по медицина била објективна и транспарентна и во ниту една фаза од истата, Василевски не бил доведен во понеповолна положба од останатите кандидати.
„Во врска со објавениот јавен оглас 01/2026 на Медицинскиот факултет во Скопје, во состав на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје, за засновање на работен однос на 4 (четири) доктори по медицина од кои 2 (два) извршители за Институтот за медицинска и експериментална физиологија со антропологија, Ве известуваме за следното:
Постапките за вработување на доктори по медицина, Факултетот ги спроведува врз основа на Законот за високото образование, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за работните односи. Јавниот оглас беше спроведен од страна на Комисија за селекција на кандидати составена од тројца реномирани професори на Медицинскиот факултет во Скопје, воедно раководители на Институтите на факултетот, каде се вработуваа докторите по медицина.
Комисијата за селекција ги провери доставените документи на пријавените вкупно седум кандидати за работното место на кое конкурираше и кандидатот доктор Дарко Василевски и утврди дека истите се уредни пријави.
Со сите пријавени кандидати комисијата спроведе интервју.
По спроведеното интервју, Комисијата за селекција предложи два кандидата кои ги исполнуваат општите и посебните услови за засновање на работен однос со Факултетот.
Постапката за вработување која ја спроведе Медицинскиот факултет во Скопје, беше објективна и транспарентна и во ниту една фаза од истата, доктор Дарко Василевски не беше доведен во понеповолна положба од останатите кандидати.
Особено нагласуваме дека избраните кандидати се далеку подобро рангирани по основ на постигнатиот успех од формалното образование и резултатите од интервјуто“, стои во соопштението од Медицинскиот факултет.
Во соопштението од Медицинскиот факултет се нагласува дека доктор Дарко Василевски бил уредно известен за исходот од постапката односно кои кандидати се избрани со цел засновање работен однос.
„Доколку кандидатот доктор Дарко Василевски смета дека некое право од постапката за вработување му е ускратено истиот своите права може да ги оствари пред надлежните институции.
До денес факултетот нема добиено известување од ниту една надлежна институција дека кандидатот официјално се обратил во врска со наведениот Конкурс за вработување. Исто така, до Факултетот не е доставено ни известување за евентуално поднесена претставка до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација. Доколку Факултетот добие претставка во законски предвидениот рок ќе се произнесе по истата“.
Ново на Сител
-

Контејнерски брод потона во близина на Ормуската Теснина откако беше погоден од ракета
-

Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
-

Мелони: Договорот меѓу САД и Русија за дизелот е „многу ризичен избор“
-

Предлог - одлуката за продолжување на рокот за постоење кризна состојба за нафта и нафтени деривати помина на матичната комисија
-

Мицкоски: ЕУ останува стратешка цел, нема поместување ниту милиметар
-

Променливо облачно време во наредните денови, во петок слаб дожд и снег на планините
-

Запленети два тони храна од зелениот пазар во Ченто
-

Шумската полиција со засилени акции: Запленети над 500 кубни метри дрвна маса и поднесени 140 пријави
