Медицинскиот персонал од Онкологија го демантира Мицкоски
Медицинските сестри од ЈЗУ Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија - Скопје денеска ги демантираа тврдењата за работењето на клиниката, изнесени на 2 ноември на прес-конференција од страна на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Тие ги демантираа тврдењата на Мицкоски дека во амбулантскиот дневник медицинскиот персонал го запишувал остатокот од неискористените лекови, како да е даден на друг пациент, без писмени докази дали лекот навистина е даден или е фрлен.
- Од административен аспект, односно водење евиденција, на сите одделенија и дневните болници, има и уредно, редовно и секојдневно евидентирање на сите работи во амбулантско - хоспитален дневник, архива на требовања, компјутерска проверка во секој момент е достапна и се однесува на салдо во моментот, опијатни тетратки, тетратка на потрошени цитостатици - картици, пишува во денешната реакција.
Погоренаведените евиденции што ги водиме, како што се додава, се достапни за проверка на наделжни органи, како и „со ова, во целост ја демантираме таа изјава“.
Во демантот наведуваат дека сите лекови кои се требуваат од аптека и има остаток од истите, се употребуваат за следни пациенти. Остатокот, како што додаваат не се фрла, со цел заштеда на истите и тој е уредно евидентиран во амбулантски дневник во Одделот за цитостатска терапија - Дневна болница.
Се негира и тврдењето на Мицкоски, како што се истакнува во соопштението во врска со „давањето лекови во торбичка“, како и дека им се давале лекови на пациенти надвор од клиниката.
-Терпијата за пациентите е сериозна работа и се даваат лекови на пациенти надвор од клиниката, односно станува збор за редовна терапија во вид на таблети и ампули, со цел да се аплицираат во матичен медицински центар или со домашна посета, со уредно напишан извештај од лекар. Напоменуваме и појаснуваме дека станува збор за симптоматска терапија, која не е терапија на условен буџет од ФЗОРСМ, туку редовна терапија која се аплицира преку домашна посета или матичен лекар. Со истото финансиски се заштедува на трошокот на пациентот и секојдневно доаѓање на клиниката, се нагласува во демантот.
Апелираат да престанат препукувањата на политичките партии преку Клиниката и да се остави таа да функционира нормално и без какви било притисоци, со цел да се заштити здравјето на пациентите, кои секој ден доаѓаат таму и се лекуваат, како и вработените во истата.
Ново на Сител
-

Унгарската „Електробус - Икарус" и австриската ЕВН ги исполниле условите за набавка на автобуси и полначи
-

Масар Омерагиќ на Конгрес на FIFA во Ванкувер
-

Спремни за спектакл: Македонските кикбоксери јуришаат на „ВАКО Европскиот куп Вараждин Опен 26“
-

Полицаец од Битола возел со 1,51 промили алкохол во крвта и направил сообраќајка
-

Димитровски: Бугарите ќе станат дел од Уставот во оној момент кога од другата страна ќе видиме подадена рака по неколку основи
-

ЈСП Скопје: Претстојниов продолжен викенд автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред
-

Се санираат штетите во штипското училилиште „Ванчо Прќе“, редовната настава продолжува во понеделник
-

51-годишен велешанец допирал по тело малолетничка
