Медвед: Вучиќ нема основа да ги коментира хрватските закони

Министерот за хрватските бранители, Томо Медвед, изјави синоќа дека претседателот на Србија Александар Вучиќ нема основа да го коментира усвојувањето на хрватските закони.
Медвед тврди дека Србија била агресор, а Хрватска водела одбранбена војна и победила.
- Господинот Вучиќ нема никаква основа да влегува во просторот на Република Хрватска, ниту да го коментира донесувањето ниту регулирањето на нашите закони, нагласи министерот за хрватските бранители, коментирајќи ја изјавата на српскиот претседател дека, усвојувањето на Законот за хрватските бранители ќе „се отвори Пандорината кутија“.
Во однос на расправата за предлог-законот за правата на хрватските бранители во хрваатскиот Сабор, Медвед истакна дека најголемиот дел од мерките ќе стапат во сила со самото донесување на законот.
Во вторникот беше објавено дека, хрватската Влада подготвува закон за правата на бранителите, со кој првпат Србија, Црна Гора и српското национално малцинство во Хрватска се оквалификуваат како „агресори“.
Законот веќе доби поддршка од сите политички партии во Комисијата за ветерани на Хрватскиот сабор, а досега ќе беше и усвоен доколку не се спротивставеше претседателот на Самостојната демократска српска партија (СДСС), Милорад Пуповац.
Одредбите во предложениот закон се засновани на Декларацијата за татковинска војна, но постојат две значајни разлики кога станува збор за формулацијата, кој се бил агресор на Хрватска.
Имено, во Предлог-законот се наведува дека „агресија врз Хрватска извршиле Србија, Црна Гора, Југословенската народна армија (ЈНА) и паравоени единици од Босна и Херцеговина со помош на голем број припадници на српското малцинство во Хрватска“, додека во Декларацијата не се споменува Босна и Херцеговина и се наведува дека „вооружениот бунт било дело на српскиот народ во Хрватска“.
Ново на Сител
-

Франција регистрираше над 5.700 дополнителни смртни случаи за време на јунскиот топлотен бран
-

Ветерот го однесе знамето на Македонија од јарболот во центарот на Куманово, ќе биде поставено ново
-

Просечната нето плата во мај 49.544 денари
-

Сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвезди“ во Јужна Кореја се соочува со затвор оти послужувал мравки во десерт
-

ЕВН Македонија: Невремето ја оштети и дистрибутивната мрежа, 90 отсто од дефектите се санирани
-

Герасимовски: Кризниот штаб на Центар со итни мерки, се вклучуваат и куќните совети, теренските екипи работат во повеќе смени
-

Клиничка болница-Штип: Пациентите со скршеници од источниот регион да се транспортираат во другите болници
-

62-годишник силувал девојче кое не наполнило 15 години во Струмица
