Тенис
15. March 2023 - 19:54

Медведев го елиминира Зверев од Индијан Велс

Рускиот тенисер Данил Медведев по голема борба успеа да слави во три сета против Александар Зверев и се пласира во четвртфиналето на мастерсот во Индијан Велс каде за противник ќе го има Александар Давидович – Фокина кој беше подобар од Кристијан Гарин со 2-0 во сетови. 
Најинтересниот дуел од осминафиналето заврши со 6-7, 7-6 и 7-5 по цели три часа и  десет минути и Медведев дојде до 7-та победа во меѓусебните дуели со Зверев  од кој  има и 6 порази. 
Пласман во следната рунда кај мажите обезбедија уште и Тиафо, Алкараз, Оже Алисием и Синер. 
Кај дамите блесна искусната Петра Квитова која во голема борба и тај-брејк во третиот сет славеше во дуелот со Американката Пегула.