Медведев: Прекинот на струјата за Крим е „украинска саботажа“
Рускиот премиер Дмитри Медведев ја обвини Украина дека извршила „саботажа“ за прекин на струјата за полуостровот Крим, со уривање на четирите главни далекуводи на украинска територија.
- Властите во Киев сега бараат некакво оправдување за она, што практично, значи терористички чин, изјави Медведев во градот Горки.
Околу два милиони жители на Крим се без струја од 22 ноември, кога беа урнати далекуводите, за што руските власти ги обвинија припадниците на екстремно десничарското движење „Десен Сектор“ и татарските националисти.
Според рускиот премиер, целиот случај претставува пример за „енергетска манипулација“ за која се одговорни украинските власти.
Тој изјави дека за да им се помогне на луѓето на Полуостровот, забрзана е работата за организирање енергетски мост меѓу Краснодар и Крим.
Украинскиот министер за енергија, Володомир Демчишин изјави во Киев дека Украина би можела да покрива 20 отсто од потребите на Крим со електрична енергија, но дека за тоа е потребно прво да се поправат далекуводите.
Министрот призна дека властите се обидувале да ги убедат „активистите“ да дозволат пристап за да се поправат соборените далекуводи, но дека засега немаат успех во тоа.
По „саботажата“ околу прекинот на струјата за Крим, властите во Русија ја намалија испораката на јаглен за електричните централи во Украина, а тоа го сторија и сепаратистичките власти во Донецк и Луганск.
Ново на Сител
-
Анализа: Може ли Македонија во ЕУ со политиката - Уставни измени со одложено дејство?
-
Запален автомобилот на новинарот Серсемов
-
Тема на денот со Орхан Муртезани, министерот за европски прашања
-
Младите од Македонија најмногу сакаат да ја напуштат државата споредено со врсниците од регионот
-
Таравари прими вакцина против грип - Со закон ќе се справуваат со антиваксерите
-
Фон Дер Лајен од Скопје: Проширувањето ќе остане врвен приоритет за ек во следните пет години
-
Прва средба на новите членови од историската комисија - Ќе има ли разлики?
-
Помилуваниот Равманоски повторно зад решетки, осомничен за обид за убиство