Меџити: Нема простор за загриженост поради вируси
Ги следиме сите состојби и понатаму ќе одлучиме во зависност од состојбата. Засега нема ништо алармантно, вели министерот за здравство Фатмир Меџити, на новинарско прашање дали има простор за загриженост поради вируси.
Тој беше прашан и дали се зголемува бројот на лица под лекарски надзор, со оглед на случајот со конго-кримска хеморагична треска.
- Имаме еден случај потврден од службите кои беа на терен. Сите членови на семејството на пациентот се во карантин. За повеќе детали ќе известат службите, додаде Меџити, на настанот на кој информираше дека е формирана стручна комисија за ревидирање на позитивната листа на лекови.
Тој најави целосно реновирање на Универзитетската клиника за психијатрија, како и инвестиции во други здравствени установи.
- На Радиологија, вчера потпишавме донација со Кинеската амбасада, ќе инвестираме одредена сума за хируршките сали. При крај ни се подготовките да почне процедурата, јавна набавка да објавиме тендер за целосно реновирање на КАРИЛ, каде доаѓаат најтешките случаи од сообраќајни несреќи и условите не се добри во моментов, веќе имаме обезбеден буџет и таму да реновираме. При крај ни се подготовките за тоа што го најавив дека до крај на годината, барем некои, ќе бидат завршени катните гаражи на Клинички центар. Тетово има веќе отворен ургентен центар, се работи на трансфер на некои оддели, додаде министерот.
Тој беше прашан и до каде е процесот со лекот „трикафта“, посочувајќи дека сите подготовки се при крај.
- Последните три години, поголем број, околу 80 отсто, не биле ниту пресликани на компјутерска томографија за белите дробови. Неодамна сите овие лица биле сликани затоа што тие се критериумите за „трикафтата“ и сите подготовки се при крај. Точен број не знам да кажам, одговори министерот.
Тој потсети за најавата за модерен центар, каде ќе имало посебни оддели за возрасните пациенти и за децата. Како што посочи министерот, обезбедуваат средства, еден дел ќе биде дониран, појасни тој, а друг ќе се одвои од буџетот на Министерството за здравство.
На новинарско прашање околу градењето болници, Меџити изјави дека со неговата екипа веќе нема да се градат некои здравствени институции по 30 или по 15 години.
- Овие работи ќе добијат во динамика. Штипската болница, знаете, активирав банкарска гаранција на шест милини евра. Така ќе постапам со сите здравствени институции и нема да дозволам и да дозволиме повеќе да се случат вакви компликации, истакна Меџити.
Одговарајќи на новинарско прашање за укинувањето на организациските директори во клиниките, тој потсети дека врши притисок, тоа да биде реалност од 1 јануари 2024 година, доколку може тоа да се постигне.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тони Коњановски, градоначалник на Битола
-
Неолитски населби кај струмичко Костурино и дојранско Црничани
-
Протест против загадувањето на воздухот
-
СДСМ: Власта е виновна
-
Рамиз Мерко остана без пасош – Обвинителството покрена ново обвинение против него за ширење етничка омраза
-
Муртезани: Брисел има разбирање за нас, шансата ни е стабилна влада во Бугарија
-
Примарното здравство пред пензија – помалку од 1400 матични лекари во државата
-
Исходот од пукање петарди може да биде фатален