Меџити: Шар Планина и Пелистер добиваат нови инфо центри
Изградбата на нови објекти - инфо центри за потребите на националните паркови Шар Планина и Пелистер, биле дел од темите на кои денеска разговарале првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити со директорите на НП Шар Планина, Емир Хусеини и на НП Пелистер, Иванчо Тошевски.
Како што информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање, овие инфо центи се очекува да ги исполнуваат сите еколошки стандарди и да служат за промоција на овие национални паркови, како и за едукација на заинтересираните страни.
Меџити на состанокот информирал дека за да се реализира овој проект Шар Планина и Пелистер треба да предложат локации, потребните документи, како и дозвола за градба како би можело да се опточне процедурата за тендерска набавка и надзор на градба.
Како што посочуваат од МЖСПП, согласно годишната програма за природа за 2025 година, како и Планот за јавни набавки за 2025-та, набавката на инфо центрите - брвнарите во Шар Планина и Пелистер достигнуваат сума од 7.023.305 денари.
За поддршка на националните паркови МЖСПП преку програмата за инвестиции ќе ги поддржува активностите на сите четири национални паркови во висина од 20.000.000 денари, и тоа грант за Шар Палнина во висина од 6.000.000 денари, грант за ЈУ НП Маврово во висина од 6.000.000 денари, грант за ЈУ НП Галичица во висина од 4.000.000 денари, и грант за ЈУ НП Пелистер во висина од 4.000.000 денари.
Од Министерството за животна средина информираат дека сите грант проекти се во насока на подобрување на зелената инфрасутркурата во парковите во насока на генерирање на дополнителени финансиски средства за националнитре паркови, како и кампања и заштита на биодиверзитет.
Ново на Сител
-
Одземено возило на турчин поради создавање голема бучава на „Партизански одреди“
-
Јаневска: Априлските плати во образованието повисоки за 7 проценти
-
Жена со нож ја нападнала деканката на Филозофскиот факултет во Ниш
-
Пет лица во Гази Баба нападнале двајца браќа со остри, метални и дрвени предмети
-
Приведен 35-годишник, возел со 1,84 промили алкохол
-
До четврток облачно со повремен дожд, во петок стабилизирање на времето
-
Кавадарчанка физички нападнала своја сограѓанка на фудбалско игралиште
-
3-годишно дете изело гумена бонбона при што почнало да се гуши и изгубило свест