Меџити: Уште се работи на извештајот од инспекцискиот надзор на Гинекологијата
Уште се работи на извештајот на инспекцискиот надзор на Гинекологијата, но ќе барам да го разгледаме и споделиме, изјави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити одговорајќи на прашањето за родилката која се обиде да си го одзеде животот. Тој најави дека ќе работат на мерките на воспоставување на програма за психолошко советување на жените низ целата бременост, како превенција на вакви настани.
-Мислам дека уште се работи на извештајот на Инспекцискиот надзор, но ќе го барам, ќе го разгледаме и ќе го споделиме. Ќе бидете известени во моментот кога ќе добиете таков извештај, изјави Меџити по промоција на отворањето на Центар за остеопороза и промоција на нов апарат за дензитометрија во ГОБ „8 Септември“.
Прашан дали размислува да ги зајакне болниците со психолози по овој настан, Меџити посочи дека ќе продолжат да работат на превенција, а планираат да направат програма за психолошко советување на бремените жени.
-Ние никогаш не можеме вакви настани да предвидиме. Сепак станува збор за многу комплексни и сензибилни настани. Ќе треба повеќе да работиме на превенција. За бремените жени ќе направиме програма да имаат психолошко советување низ целата бременост. Тоа е една од мерките која планираме да ја спроведеме. Не знам дали ќе биде бесплатно, ќе видиме како ќе се организира, но ќе има кампањи за ова, рече Меџити.
Инаку, во тек е инспекциски надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат на Универзитетската клиника за гинекологија каде во неделата родилка се обиде да си го одземе животот.
- Комисијата е излезена на терен и во тек е надзорот за утврдување на фактичката состојба. По изготвување на извештајот од страна на ДСЗИ, јавноста навремено ќе биде информирана, соопштија вчера од Министерството за здравство.
Ново на Сител
-

Зеленски пристигна во Истанбул на разговори со Ердоган
-

Иран им дозволи на хуманитарните бродови да поминат низ Ормуската Теснина
-

„Нов живот за езерото“ - еко акција за чистење на дното на Охридското Езеро во Радожда
-

Труп на човек пронајден во Вардар кај Демир Капија, телото на обдукција
-

Мицкоски од Илинден: Владата продолжува со инвестиции во образованието, се гради нова училишна зграда во ООУ „Гоце Делчев“
-

Јаневска: Од понеделник законот за високото образование ќе оди во владина процедура, сите контруктивни забелешки се или ќе бидат прифатени
-

Променливо облачно и потопло време до средината на следната седмица
-

Мицкоски: Исполнети се условите да ги намалимe aкцизитe зa дизeлoт зa 4, а на бензините за 2 денара по литар
