Меѓаши: Политичките партии да не ги злоупотребуваат децата за кампањи и маркетинг

Политичките партии да ги поштедат децата од какво било инволвирање во политичките кампањи и политичкиот маркетинг независно дали се работи за нивно носење на митинзи, облекување во обележја од одредена политичка партија, користење за делење флаери или лепење постери, сликање или користење детски мотиви, фотографирање со деца или снимање видеа со деца, апелира денеска Првата детска амбасада во светот Меѓаши.
Воедно бара политичките партии, кандидатите на локалните избори за советници и градоначалници, родителите и старателите, да ги почитуват законите и Конвенцијата за детските права.
- Политичка злоупотреба на децата подразбира политичка присила и организирање на децата како инструмент за политички притисок. Тоа не смее да си го дозволи ниту еден политичар или кандидат/ка за изборите. Детето не е објект на кој возрасните ќе му кажуваат што да прави. Детето е рамноправен граѓанин како и сите други и така треба да биде третирано, потенцира Меѓаши.
Како рамноправни граѓани, децата, дополнува Првата амбасада, имаат право да бидат информирани што се случува во државата, зашто тоа директно ги засега и можеби повеќе и од сите нас возрасните, бидејќи иднината на земјата останува на нив.
- Но, носењето и учеството на деца како декор на настани со партиска позадина и агенда е политичка злоупотреба на деца за партиски цели. Не дозволувајте децата да бидат предмет на манипулација. Покрај тоа, носењето деца на партски митинзи може да биде трауматично искуство за нив, особено поради вообичаениот фолклор: собирање во толпа, викотници, присуство на вооружени полицајци, голем број непознати луѓе одеднаш, говор на омраза, навреди, омаловажување, поттикнување нетрпелиовст, нагласува Меѓаши.
Амбасадата потсетува дека со Законот за заштита на децата во член 12 став (4) се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување. Во 1991 година Собранието на РМ ја донесе Декларацијата за заштита на детето од политичка манипулација и злоупотреба со која се забранува секаков вид политичка присила и организирање на децата како инструмент за политички притисок и злоупотреба и изложување на нивната физичка сигурност и здравје.
Ново на Сител
-

Нетанјаху го нарече Ердоган „антисемитски диктатор“
-

Сиљановска-Давкова: Верувајте во себе, докажете ја својата спортска посветеност, искористете ја младешката енергија и натпреварувајте се витешки
-

ЦУК: До 18:00 часот 14 пожари на отворен простор, од кои 8 се активни
-

Аргентинците добија високи казни за инцидентот по финалето на Мундијалот
-

Чадот од српските пожари го покри романскиот град Тимишоара, дадени итни здравствени препораки
-

Мајка и татко од липковско психички и физички ја малтретирале својата 18-годишна ќерка
-

Уапсен 82-годишен маж, подолго време ја тепал својата 78-годишна сопруга
-

Кривична за 68-годишник од Демир Хисар, дома чувал четири различни видови на огнено оружје и 155 куршуми
