Меѓу новозаразените со Ковид-19 во Хрватска се и тројца лекари

Меѓу новозаразените девет лица во Хрватска, тројца се лекари, соопшти хрватскиот весник „Јутарњи лист“.
Станува збор за двајца заразени лекари во Клиничко-болничкиот центар во Загреб и една лекарка од психијатриската болница Врапче, која до петокот била на работа. Откако денеска се добиени резултатите дека лекарката е позитивна на новиот коронавирус, дневната психијатриска болница е затворена, која и претходно функционирала со многу намален капацитет.
Што се однесува на двајцата лекари од КБЦ загреб, станува збор за лекарки од неврологија и кардиологија. Со тоа бројот на заразени лекари во КБЦ загреб се зголеми на четворица лекари (тројца од неврологија и едната лекарка од кардиологија).
Со Ковид-19 денеска се заразени уште девет лица, и сега вкупната бројка на заразени во Хрватска изнесува 65. Направени се 1014 тестирања, од кои некои се се уште во тек. Вкупно 630 лица се под надзор поради контакт со заразено лице. Во карантин се 63 лица, од кои 24 странски, а 39 хрватски државјани.
Ново на Сител
-

Судењето за „Онкологија 2“ прекинато, адвокатката Бегова казнета со 500 евра
-

Претрес во Демир Хисар, пронајдено оружје, приведено едно лице
-

Мицкоски: Градиме стабилен и отпорен финансиски систем усогласен со европските стандарди
-

ЈП Комунална хигиена - Скопје отстрани диви депонии на пластичарска улица и во Старата скопска чаршија
-

Славески: И покрај комплекноста на околината, централните банки остануваат цврсто посветени на ценовната стабилност
-

НБ: Каматната стапка е непроменета - претпазлива монетарна политика во услови на сѐ поголема светска неизвесност
-

Ким ја прогласи Јужна Кореја за „непријателска држава број еден“
-

Ревизија во ДИК за 2024 година, утврдени неправилности и системски слабости
