Меѓународен ден на Белиот стап
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија денеска го одбележува 15 октомври - Меѓународниот ден на Белиот стап.
Мисијата на 15 октомври-Меѓународниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на Обединетите Нации (ООН) е да му покаже на светот дека и со слепилото се може, да покаже како слепите и слабовидните лица ширум светот живеат, работат, и независно придонесуваат за својата заедница.
Меѓународниот ден на Белиот стап-Симболот на слепиот човек-признат од Организацијата на обединетите нации (ООН) го искористуваат да укажуваат на тоа да се зголеми вниманието на јавноста кон нив, истовремено да обрнат внимание на пошироката јавност за слепилото и за проблемите со кои секојдневно се соочуваат слепите и слабовидните лица, да ги разбудат властите на секое ниво во општеството да земат учество и да овозможат фондови за превенција и едукација за слепилото, да обрнат внимание на јавноста, на граѓаните за тоа кога последен пат направиле комплетен офталмолошки преглед...
Упатуваат апел до сите барем еднаш годишно секое дете и секое возрасно лице да направат комплетен очен преглед со цел да спречат и превенираат можни идни причини за слепило.
Во Република Македонија според ригистрите на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија со оштетување на видот поголемо од 90 проценти живеат повеќе од 2550 лица. Бариерата и ѕидот околу нив кој е создаден полека се руши, но истите се навикнати да чекаат. Истата слика се повторува со години. Сите очи на ајвноста се упатени кон слепите и слабовидните лица само на 15 октомври 2018 – Меѓународниот ден на белиот стап, а пред и потоа, амргинализација, стигма за слепилото, дискриминација во сите општествени пори, самотија и неизвесностз а што подобро утре. Но тоа утре никако да дојдее...Но сепак оптимизмот и енергијата кај овие лица не згаснува.Тие лавовски се борат за своите права...
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија формиран во 1946 година, повеќе од 67 години дејствува како национална инвалидска организација, невладина, непартиска, непрофитна организација од особено општествено значење.
НССРМ е единствена невладина и непрофтина национална организација која ги застапува правата на лицата со оштетен или целосно загубен вид во Република Македонија. Се залага за оставрување на сите човекови права на слепите лица, вклучувајќи го правото на писменост, образование, рехабилитација, вработување и адаптација на работната средина, независно живеење со помош на персонални асистенти и тифло-технички помагала, спортски и рекреативни активности како и пристап до информации.
Ново на Сител
-
Кандидатите за членови во Советот на Агенцијата за аудиовизуелни медиумски услуги реферираа пред Комисијата за избори и именувања
-
СОС Детско село ја доби Цветиновата награда за мир
-
Во Чаир три кражби на чанти
-
Тошковски во посета на Центарот за борба против тероризам на Унгарија
-
Ја продал нивата за да се прошират гробиштата, сега му ја враќаат со 150 закопани
-
Поради сообраќајка во прекин сообраќајот на патот Делчево - Македонска Каменица
-
Ангелов: Државата е подготвена за претстојни врнежи од снег
-
Кан: Нојер не треба да го пропушти вистинскиот момент за пензионирање