Меѓународен натпревар во креирање дигитални видео игри

На Универзитетот „Свети Апостол Павле“ во Охрид се одржува тридневен натпревар во креирање дигитални видео игри, дел од светскиот годишен натпревар на креатори на дигитални видео игри што оваа година симултано ќе се одржува на 518 локации во 78 земји под името „Глобал Гаме Јам“.
Во Македонија, покрај во Охрид натпреварот, што почна вчера во амфитеатарот на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, ќе се одржува и во Битола и во Скопје.
Настанот во Охрид е организиран како волонтерски потфат од страна на студентите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“, а ќе се натпреваруваат 40-тина учесници. Најдобрите тројца натпреварувачи ќе бидат поканети да учествуваат во следната натпреварувачка фаза, каде што ќе се натпреваруваат победниците на националните натпревари од европските држави.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
