Меѓународен научен собир на археолозите во Охрид
Охрид деновиве е домаќин на научен собир на тема „Праисториски мочуришта и езера“, што се одржува во организација на македонскиот Центар за праисториски истражувања.
Четириесеттина преставници на научни институции, археолози и експерти од повеќе европски држави и од регионот на собирот во Охрид што ќе трае до 17-ти овој месец ќе разменуваат практики и знаења од областа.
На синоќа одржаното свечено отварање пред учесниците на научниот собир предавање одржа археологот Паско Кузман, кој се осврна на праисториските наколни живеалишта во Македонија и за праисториската населба во Заливот на коските кај Градиште на Охридското Езеро.
Инаку, научниот собир во Охрид е дел од меѓународен проект што се реализира во партнерство со Универзитетот во Берн, рускиот Државен Ермитаж од Санкт Петерсбург, Националниот универзитет од Киев и македонскиот Центар за праисториски истражувања. Проектот е поддржан и од Швајцарската национална фондација за наука.
Ново на Сител
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место
-
Тим од медицинска сестра, социјален работник, психолог и физиотерапевт ќе посетува семејства од социјален ризик
-
Општина Босилово почна со рециклирање на текстилот
-
Преглед на вести од светот