Меѓународен планинарски марш на Руен на 16 јули

Руен по десетти пат ќе ги собере љубителите на планината од Македонија и Бугарија на традиционалната средба „Балканот без граници“.
Миран Митревски од НВО „Здравец 2002“ од Македонска Каменица на денешната прес-конференција истакна дека се е подготвено за јубилејната средба која ќе се одржи на 16 јули и најави учество на 2.000 планинари до Македонија и Бугарија.
- Традиоционалната средба на Руен е со порака на обединување. Овде на планината која 2/3 е од македонска страна, а 1/3 од бугарска и на највисокиот врв во Источна Македонија и на Осоговските Планини со своите 2.252 метри е место каде традиционално се собираат околу 2.000 планинари кои стигнуваат на врвот од три страни. Едната патека е од Македонска Каменица, каде до Руен се поминуваат 34 километри, другата е од Крива Паланка, а третата е од Ќустендил. Сите треба да бидат на Руен во 11 часот, кога и започнува средбата, истакна Митревски.
Тој ги покани сите љубители на планината да учествуваат на овој меѓународен планинарски марш.
- Досега е пријавено учество на планинари од Каменица, Делчево Пехчево, Куманово, Пробиштип, Неготино, Кочани, Штип, Скопје, како и околу 1.200 планинари од соседна Бугарија. Јас ги повикувам сите планинари да земат учество на овој меѓународен марш бидејќи овде се стекнуваат нови пријателства, се разменуваат идеи и искуства и во многу прилики се отвораат можности за соработка за прекугранични проекти, истакна Митревски.
Организацијата на меѓународниот планинарски марш е на НВО „Здравец“ од Македонска Каменица, НВО „Руен“ од Крива Паланка и Туристичкото друштво „Осогово“ од Бугарија. Поддршката за реализација на оваа традциионална средба на Руен е од општина Македонска Каменица и рудникот „Саса“.
Ново на Сител
-

ЗНМ реагира на прес конференцијата на СДСМ
-

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
-

Советници од САД и Украина утре ќе присуствуваат на мировни преговори во Берлин
-

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
