Македонија
27. јуни 2018 - 8:41

Меѓународен семинар за дигитални алатки за отворено владеење

Општина Центар, заедно со Европската асоцијација за локална демократија - АЛДА Скопје организираат денеска меѓународен семинар „Отворено владеење: принципи, методи и дигитални алатки“, во рамки на проектот „РЕКОВ: Обмислување заеднички вредности за јавни политики“.

Семинарот, како што најавија организаторите, ќе го отворат заменик-министерот за локална самоуправа Дејан Павлески и градоначалникот на општина Центар Саша Богдановиќ.

Семинарот е првиот меѓународен настан што се организира во рамки на проектот. Целта е да се претстават добри практики на користење на дигитални алатки со кои јавните институции може да бидат поотворени, со фокус на употребата на новите технологии.

Проектот е финансиски поддржан од програмата на Европската унија „Европа за граѓаните“, а општина Центар е носител на проектот.