Македонија
9. February 2020 - 8:57

Меѓународна конференција „Еден Балкан кон ЕУ“

Предизвиците на земјите од Западниот Балкан со кои се соочуваат на патот на евроинтегративниот процес е главна тема на меѓународна конференција „Еден Балкан кон ЕУ“, што денеска ќе се одржи во Скопје во организација на повеќе невладини организации од регионот.

Домаќин на конференцијата е претседателот на СДСМ Зоран Заев, а ќе присуствуваат повеќе регионални лидери на социјал-демократски и либерални политички партии и европратеници.

На официјалното отворање, како што најавуваат организаторите, ќе се обратат Тања Фајон – словенечка европарламентарка од социјал-демократската група, Илхан Ќучук – европратеникот од либералната група АЛДЕ и известувач за Северна Македонија во ЕП и Тонино Пицула – хрватски европатеник од социјал-демократската група.

Конференцијата e завршен настан на регионалната едукативна младинска програма „Прогресивна политика во Западен Балкан – ПрогВеБ“ и е во организација на повеќе невладини организации од регионот: Прогрес – Институт за социјална демократија од Северна Македонија, Фондацијата „Борис Дивковиќ“ од Босна и Херцеговина, Фондација „Ќемал Стафа“ од Албанија, Форум на леви иницијативи од Босна и Херцеговина и Центар за модерни вештини од Србија, поддржани од шведскиот Олоф Палме интернационален Центар и Меѓународната фондација на Центар партијата.