Меѓународна конференција посветена на економската и еколошката димензија на ОБСЕ во Струга
Во рамки на претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ, во Струга денеска ќе се одржи меѓународна конференција посветена на економската и еколошката димензија на Организацијата, како една во низата меѓународни конференции планирани да се одржат до крајот на годината.
Како што соопшти МНР, конференцијата се одржува во време на бруталната агресија на Русија врз Украина која, покрај тоа што претставува директно кршење на основните вредности и принципи на Организацијата, едновремено предизвикува и разорни економски последици како и еколошки катастрофи, што е посебно видливо од последниот напад на браната Какховка.
Имајќи ги предвид рефлексиите на актуелната безбедносна криза во ОБСЕ просторот врз глобалните економски текови, конференцијата ќе се фокусира и на изнаоѓање одговори за тешките предизвици од климатските промени, зајакнувањето на отпорноста на енергетската инфраструктура кон природни и катастрофи предизвикани од човечкиот фактор, вклучително и обезбедување стабилна и одржлива енергетска транзиција, стои во соопштението на МНР.
Северна Македонија и преку оваа конференција дава придонес кон напорите за економското закрепнување и борбата против климатските промени, како суштински дел од концептот на ОБСЕ за сеопфатната безбедност.
Во тој контекст, на конференцијата ќе се дебатира и за борбата против корупцијата, како еден од приоритетите на Претседавањето на Северна Македонија со ОБСЕ.
Конференцијата ќе ја отвори претседавачот со ОБСЕ, шефот на дипломатијата Бујар Османи, а ќе се обратат и вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска, министерот за економија Крешник Бектеши, министерската за животна средина и просторно планирање Каја Шукова, како и вицепремиерот за енергетика на Украина Јарослав Демченков.
Ново на Сител
-

Голем интерес за викенд куќи под Беласица, Ново Село од 13 парцели инкасираше 5,7 милиони денари
-

Наскоро се очекува да профункционира домот за стари лица во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
-

30.000 вакцини против грип пристигнаа во земјата – имунизацијата за една недела
