Мекејн: Не верувам дека ќе има војна на Балканот

Претседавачот на Одборот за Вооружени сили при американскиот Сенат, Џон Мекејн изјави денеска во Сараево дека не верува оти на овие простори ќе има војна, но дека постојат области кои многу загрижуваат, што бара ангажирање од сите земји во регионот и од САД.
- Ќе кажам дека новиот претседател на Србија веднаш дојде овде откако беше избран и не можеме да заборавиме дека судирот кој во првите 50 години од минатиот век го имаше вниманието од целиот свет, започна токму тука. Тоа е аргумент за нас светот да го фокусира вниманието и поддршката за изградба на демократија, кои се нагласени во Дејтонскиот договор. Не верувам дека ќе има војна, но сметам дека ова бара напори од сите земји во регионот, но и од други држави, вклучувајќи ги САД, да се ангажираат, истакна Мекејн.
Ново на Сител
-

Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа
-

Уапсени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“, 10 возеле без возачка дозвола
-

Мицкоски: Да бидеме генерацијата која ќе ја внесе државата во ЕУ, но нема компромиси за идентитетот, јазикот и културата
-

Лавров: Русија е подготвена за преговори за решавање на украинското прашање
-

Мицкоски: Верувајте во нашата татковина, покажавме дека можеме да победуваме
-

Повреден 48-годишник при пукање во Арачиново
-

Приведен 48-годишник кој барал пари две години за да не објави интимни фотографии
-

Повозрасна жена нападнала малолетно девојче во Кисела Вода
