Мекмастер: Доказите за руско мешање во изборите во САД во 2016 се неспорни
Доказите за мешањето на Русија во претседателските избори во САД во 2016 година се неспорни, изјави денеска во Минхен советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Херберт Рејмонд Мекмастер.
Одговарајќи на прашање на руски делегат на една трибина во рамки на Минхенската безбедносна конференција, Мекмастер истакна дека тоа што во САД се покренати обвиненија против 13 физички и три правни лица од Русија, значи дека американското Федерлно истражно биро (ФБИ) има „неспорни докази“ за руска вмешаност преку кибер напади.
Мекмастер нагласи деке САД би биле подготвени да започнат преговори со Русија за евнтуалната идна соработка во кибер безбедноста, дури откако Москва „ќе ги ограничи своите сложени форми на шпионажа“.
На настапот на Мекмастер на трибината му претходеше мал скандал, кога рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го напушти собирот во знак на протест поради вчерашната одлука на американското правосудство за покренување обвиненија против 13 руски државјани и три организации од Русија, поради „вмешаност во претседателските избори и политичките процеси во САД“.
Канцеларијата на специјалниот советник Роберт Мјулер соопшти дека обвинетите се претставувале како американски граѓани и управувале со профили на социјални мрежи за да го привлечат внимание на јавноста во САД за време на изборната трка меѓу републиканецот Доналд Трамп и кандидатот на демократите Хилари Клинтон. Тие се обвинети за заговор, банкарски и интернет измами и тешки кражби на идентитет.
Ваквите обвиненија Лавров ги оцени како „празни приказни
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер на МСПДМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
-

Меѓувладини конференции во Брисел за Црна Гора и Албанија, Македонија изостанува на Европскиот календар
-

Маркетите кои ги зголемиле профитните маржи - ќе бидат предупредени да ги намалат
-

Продолжуваат инвестициите во Охрид
-

Зголемен број на колапси поради топлото - дневно Брза помош има и по 10-тина вакви интервенции
-

ЦЈЗ Прилеп: Не се точни шпекулациите дека е зголемен бројот инфицирани со ХИВ за 50-тина лица
