-->
-->
Мексиканци со жив штит против планираниот ѕид на Трамп долж границата
-->
Околу 1.500 Мексиканци, формирајќи жив штит, протестираа поради плановите на американскиот претседател Доналд Трамп да изгради ѕид долж границата на САД со Мексико.
- Рака за рака, ние го покажавме националното единство, кое не прави разлика меѓу луѓето, изјави мексиканскиот сенатор Армандо Риос Питер, кој присуствуваше на протестот заедно со други политичари и со студенти.
Живиот ѕид беше формиран покрај реката Рио Гранде, во близина на градот Сиудад Хуарес. На протестот учествуваше и градоначалникот на Ел Пасо, град во американската држава Тексас.
Трамп претходно изјави дека изградбата на ѕидот долж границата ќе започне за неколку месеци и дека САД очекува парите за изградбата да бидат вратени од Мексико.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Состојба на патиштата
-
Сончево и топло со слаб северен ветер
-
Полициските хеликоптери исфрлија над 120 тони вода врз пожарите кај селото Тажево и „Јасен“
-
Скопјанец ги претепал сопругата и малолетниот син, ја искршил и влезната врата од зградата
-
Претрес во скопско, пронајдено оружје и муниција | ФОТО
-
ЕУ ѝ префрла на Украина 1,5 милијарда евра приход од замрзнати руски средства
-
Тетовчани се скарале поради паркинг место, по што едниот извадил пиштол и му се заканил на другиот
-
Драма во Собрание: Неколку пратеници добиле заканувачки пораки