Мексико потрошило 300 милиони долари за израелски шпионски софтвер
Главниот мексикански истражител против перење пари изјави дека официјални претставници во претходните влади од 2012 до 2018 година потрошиле 300 милиони долари државни пари за купување софтвер од израелската компанија за шпионирање НСО.
Се чини дека сметките за програми како што е шпионскиот софтвер „Пегаз“ вклучувале вишок пари кои можеби им биле исплаќани на поранешните државни службеници како поткуп.
Шефот на мексиканската единица за финансиско разузнавање, Сантијаго Нието, истакна дека информациите за тоа им биле дадени на обвинителите.
Нието нагласи дека износите и начинот на нивното плаќање укажуваат на корупција во владата во веќе сомнителната програма за прислушување телефони насочена кон новинари, активисти и опозициски личности, вклучувајќи го во тоа време и сегашниот мексикански претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор и неговите соработници.
Лопез Обрадор ја презеде функцијата шеф на државата на 1 декември 2018 година и вети дека никогаш нема да користи шпионски софтвер.
Нието истакна дека не е откриена ниту една сомнителна трансакција во сегашната администрација.
Мексико имаше најдолга листа со околу 700 телефонски броеви, меѓу илјадниците кои клиентите на НСО ги избрале за потенцијален надзор.
Ново на Сител
-
Три дискотеки се затворени оти не исполнуваат услови, иако имаат лиценци
-
178 пациенти на лекување во болниците
-
101 повреден во кочанската дискотека на лекување во странство
-
Разговор со д-р Шапира Шахар, шеф на израелскиот медицински тим
-
Професор Давиктовски: Истрагата за трагедијата во Кочани дава надеж дека ќе се откријат вистинските виновници
-
Преглед на вестите од светот
-
Докторите се борат за сите пациенти
-
Муцунски во Србија