-->
-->
Мелничарите и производителите на средба во МЗШВ
-->

Производителите на пченица и мелничарите денеска треба да имаат заедничка средба во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
На средбата, како што најави министерот Михаил Цветков, ќе се разговара за актуелните прашања околу откупот.
Во фокусот ќе биде цената на годинашната реколта за која мелничарите нудат најмногу осум денари, а земјоделците бараат 11.
Според министерот Цветков, цената ја дефинира пазарот, но државата ќе им помогне на производителите со две интервентни мерки: 80 отсто поддршка за чување на житото во Прилеп и Велес, како и дополнителни субвенции од по два денара за килограм или 6.000 денари за хектар.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Патарини ќе може да се плаќа и преку мобилен телефон
-

Петмесечно бебе починато однесено на Детска клиника
-

Судскиот совет пред одлука меѓу судиите Димовска и Стефановски за претседател на Кривичниот суд
-

Само три лица издржуваат куќен затвор со електронска алка, ќе се менува Законот за пробација
-

Жестока расправа во Советот за кварталниот извештај за буџетот на Град Скопје
-

Одрон од карпа на влезот на Радожда
