Меморијален ракометен турнир во организација на Фондацијата „Марко Божиновски“
Фондацијата „Марко Божиновски“ од денеска до 17 јуни во Ново Лисиче ќе го организира првиот Меморијален ракометен турнир во чест на прерано починатиот млад ракометар Марко Божиновски. Осум екипи на момчиња, родени во 2004 година и помлади, од три држави и поделени во две групи, ќе се натпреваруваат за победничкиот пехар на премиерното издание на турнирот.
Фондацијата „Марко Божиновски“ соопшти дека натпреварите ќе се играат по принцип 2х30 минути во две групи, со систем на натпреварување секој со секого во својата група. Првопласираните екипи од групите ќе играат натпревар за прво место, второпласираните за трето итн. Во случај на ист број на поени ќе се применат пропозициите на РФМ. Сите натпревари ќе бидат пренесувани во живо на Јутјуб.
-Помина една година откако младиот ракометар и член на македонскиот национален тим Марко Божиновски тивко си замина. Неговото заминување беше тивко, но веста за неговото заминување одекна далеку и гласно. Во негова чест и аманет, а имајќи предвид дека ракометот беше негов живот, љубов и животна определба, неговото семејство ја отвори Фондацијата „Марко Божиновски“ со визија вечно да живее неговиот лик и дело, поддршка на млади луѓе кои поседуваат талент, но немаат можност да инвестираат во себе, како и всадување спортски дух кај новите генерации, дух кој Марче го носеше во себе, велат од Фондацијата.
Натпреварите од турнирот ќе се играат во спортскиот центар „Ново Лисиче“ во Аеродром, кој од минатиот октомври е преименуван во СЦ „Марко Божиновски“.
Ново на Сител
-

Комеморација во чест на ликот и делото на истакнатиот играорец Симеон Чулев
-

Финансова поднесе кривична против директор и раководител на ЈКП „Брегалница“ Делчево, го оштетиле буџетот на претпријатието за 7,6 милиони денари
-

Предновогодишен концерт на Воениот оркестар на Армијата и музичари од Романија
-

Кик Бокс клубот Шампион Урко - тим најуспешен македонски клуб во Ниш
-

Поевтинуваат горивата
-

Дрога пронајдена кај затвореник во Идризово
-

Апелација ја зголеми казната затвор за Васил Јованов на 13 години
-

Американски милијардер донирал 99.999 долари за човекот кој спаси Евреи при нападот на плажата во Сиднеј
