-->
-->
МЕПСО го изгради новиот далекувод на границата Македонија-Србија
-->
МЕПСО го изгради новиот 400 киловолтен далекувод, лоциран на границата на Македонија и Србија во атарот на селото Татариновац.
Електромонтери на изведувачот „Енергомонтажа“ денеска ги финишираа активностите за поврзување на последниот столб од македонска страна, со првиот столб кој се наоѓа на подрачјето на Србија. Увид во работите на терен, изврши генералниот директор на МЕПСО,Синиша Спасов.
Тековниот проект чини над 11 милиони евра.далекуводот се протега во должина од 70 километри од Штип до македонско-српската граница.
- На лице место сме на градбата на далекуводот, кој преставува интерконективно поврзување на електропреносните системи на Р.Македонија и Р.Србија, значи помеѓу МЕПСО и „Електромрежа„ Србија, изјави директорот Спасов.
Во однос на техничките карактеристики на далекуводот, генералниот директор на МЕПСО, потенцираше дека на македонска страна должината на водот е 70 километри, самите проводиници поставени се на 168 самоносечки столбови.
Далекуводот, нагласи директoрот, претставува придобивка за системите на Македонија и Србија, пред се зголемување на преносниот капацитет. Во идно време, објасни Спасов, би значело поврзување на локални трансформаторски станици на овој далекувод. Конкретно, подвлече, станува збор за трафостаница во близина на Куманово,која што би се поврзала на овој далекувод и во идно време ќе значи подобрување на напонските прилики во Куманово и целиот североисточен регион.
- Вредноста на далекуводот ја надминува бројката од 11 милиони евра. Самиот проект е финансиран од страна на Светска Банка. Дополнително самиот вод е петти инетрконективен вод со соседните држави,три од интерконективните водови се направени од 2007 наваму, изјави Спасов.
Тој информираше дека на презентација на Стопанската комора веќе ги најавиле идните планови.
- Во следниот десетгодишен период ќе имаме инвестиции во вредност од околу 150 милиони евра. Следно наше вложување на кое веќе работиме како проект е интерконективното поврзување со Р.Албанија.Тоа далекуводот Битола-Елбасан со градба на трафостаница во регионот во околината на Охрид. Со тој далекувод, освен зголемување на преносниот капацитет,би имале и локални придобивки во подобрување на напонските прилики во југозападниот дел на Р.Македонија, рече Спасов.
Изградбата на далекуводот започна во декември лани, а планирано е до крајот на овој месец далекуводот да биде ставен под напон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Блумберг: Mајкрософт истражува дали DeepSeek незаконски презел податоци од OpenAI
-
Турција: Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во ски-центарот Карталкаја
-
Хамилтон го искрши болидот на Ферари за време на тест возење во Барселона
-
Покрај Николов, Владата предлага уште тројца нови амбасадори, покрената постапка за отповикување на девет амбасадори
-
Шапката на Меланија го фрли во сенка Трамп | Александар Рашковиќ | Sitel Podcast 079
-
Општина Центар: Град Скопје ги остави улиците во смет, активирани 120 хигиеничари од Општината
-
Приведен 21 годишен жител од велешкото село Бузалково, кој се заканувал на комисија за возачки испит
-
Измамена скопјанка - И кажале дека нејзината ќерка прегазила дете и ако не сака таа да лежи во затвор треба да плати 3.200 евра