-->
-->
МЕПСО ќе гради нов далекувод од Штип до Пробиштип
-->
АД МЕПСО ќе инвестира 2,45 милиони евра во изградба на нов 110 киловолтен далекувод што ќе ги поврзува Штип и Пробиштип. Договорот за изградба на новиот далекувод денеска го потпишаа генералниот директор на МЕПСО Сашо Василевски и Ерион Муши, претставник на конзорциумот изведувачи „Пинг гао груп“ од Кина и „Ндрекај“ од Албанија.Со тоа МЕПСО почнува процес на реконструкција на шест 110 киловолтни далекуводи, инвестициски циклус вреден над 21 милион евра
Далекувод што ќе ги поврзе трансформаторските станици „Штип“ и „Пробиштип“ ќе биде долг 27,2 километри и ќе биде поставен на 111 челично-решеткасти столбови. Овој линиски енергетски објект ќе се гради на истата траса на која сега поминува 110 киловолтниот далекувод што ги поврзува двете трансформаторски станици и е во функција 45 години, од 1972 година. Изградбата на новиот далекувод ќе трае 12 месеци.
Овој проект, според МЕПСО, значајно ќе ја зголеми доверливоста и капацитетот на преносната мрежа во источниот регион, а особено е значајно подобрувањето на условите за снабдување со квалитетна електрична енергија за Пробиштип, Злетово, Кратово и Крива паланка.
Изградбата на нов далекувод меѓу Штип и Пробиштип е дел од проектот за ревитализација на преносната мрежа што опфаќа изградба на вкупно шест далекуводи од мрежата на МЕПСО. Со овој процес се опфатени и 110 киловолтните далекуводи помеѓу трансформаторските станици: Битола 1 – Прилеп 1, Скопје 1 – Миладиновци, Скопје 4 – Велес, Велес – Овче Поле и Штип – Овче Поле. Сите нови далекуводи ќе бидат поставени на челично-решеткасти столбови што ќе ги заменат старите армирано-бетонски столбови стари повеќе од 50 години. Вкупно ќе бидат изградени околу 170 километри нови далекуводи. Во овој инвестициски циклус ќе бидат вложени над 20 милиони евра од кои дел се сопствени средства на МЕПСО и дел се заем од Европската банка за обнова и развој.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кратерска инвазија во Скопје: Бесплатен превоз и влез за навивачите и симпатизери на Силекс против Динамо Минск
-

УХМР: Најмногу дожд наврна во скопско Црешево и Гази Баба
-

Пилот-проект на ЦУК: Интелигентни камери за рана детекција на пожари во критичните зони
-

Во јуни годинава температурите во цела Грција биле над просекот
-

Ѓорѓиевски: Со навремена реакција спречивме поголеми последици од невремето во Скопје
-

Итна седница на Кризниот штаб на Кисела Вода по невремето со обилен дожд
-

ЈОРМ: Побарани мерки на претпазливост за доцентка од УГД осомничена за примање поткуп
-

Невремето предизвика поплави - најпогодени се населбите: Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба
