Мерц ги обвини руските сили за најдлабоко ниво на варварство и оцени дека Кремљ не ја добива војната во Украина

Германскиот канцелар Фридрих Мерц ја обвини Русија дека достигнала „најдлабоко ниво на варварство“ во пресрет на четвртата годишнина од руската инвазија на Украина, објавија француските медиуми, цитирајќи го од настан во Берлин организиран за поддршка на Украина.
Мерц, исто така, рече дека „Русија не ја добива оваа војна“.
Москва „сака да веруваме во тоа, но фактите се сосема различни“, рече тој.
Отпорот на Украина на руските напади е поефикасен отколку што често се верува, нагласи германскиот канцелар, наведувајќи ги изненадувачките успеси на силите на Киев во последно време.
„Во февруари видовме зачудувачки територијални придобивки од украинските одбранбени сили, а руската економија се распаѓа под тежината на санкциите и воените дејствија – повеќе отколку што понекогаш можеме да заклучиме од нашите сопствени медиуми тука“, рече Мерц.
МИА
Ново на Сител
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-транс
-

Преглед на вестите од светот
-

Водата во Гостивар од денеска е безбедна за пиење
-

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија - расте бројот на новозаболени, повеќето се од Драчево
-

Македонија вчера го имаше најтешкиот ден годинава во борбата со пожарите
-

Голем пожар во туристички места во регионот
-

Македонците кои летуваа во Сивири чекаат безбедно да се вратат дома
