-->
-->
Меркел до Ердоган: Германија е против враќањето на смртната казна во Турција
-->

Германскиот канцелар Ангела Меркел му порача денеска на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган дека Германија силно се противи на враќањето на смртната казна во Турција, како и дека таквиот чекор ќе му попречи на членството на Турција во ЕУ, изјави портпаролката на германската Влада.
Таа појасни дека Меркел во телефонски разговор го повикала Ердоган да остане лојален на принципите на пропорционалност и на владеењето на правото во одговорот на турската држава кон учесниците во обидот за воен удар.
Портпаролката додаде дека последниот бран апсења и разрешувања во Турција е причина за голема загриженост.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пентагон подготвува испраќање 3.000 падобранци на Блискиот Исток
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, повикани тројца сведоци од Општина Кочани
-

Краделе кабли во „Железара“ и оштетиле електричен кабел вреден 800.000 денари
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
