Меркел: ЕУ се наоѓа во „критична состојба“

Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска на Самитот на ЕУ во Братислава изјави дека Унијата се наоѓа во „критична состојба“.
- Потребни ни се решенија за ЕУ, а ние сме во една критична состојба. Не може сите проблеми да се разрешат со само еден Самит, па она што сега треба да го направиме е подобро да ги уредиме работите во безбедноста, во борбата против тероризмот и во секторот на одбраната, изјави Меркел.
На Самитот на ЕУ во главниот град на Словачка се расправа за потребата од враќање на довербата на гласачите во Унијата, по одлуката на Британците да го напуштат блокот.
Ова е прв Самит без учеството на Велика Британија по одлуката за Брегзит, но лидерите на земјите членки, нема да расправаат за преговорите што ќе се водат со Лондон.
Според германскиот канцелар, лидерите на Унијата треба да покажат дека можат да ја унапредат заедничката безбедност, одбранбената соработка и економијата.
Овој Самит се одржува во време кога Вишеградската четворка (Полска, Унгарија, Словачка и Чешка) заговараат враќање на некои од овластувњата што му се префрлени на Брисел.
Северноевропските земји ги осудуваат членките од југот на ЕУ дека се „најслабата алка“ во одбраната на еврозоната, додека мадитеранските држави приговараат на продолжувањето на германското инсистирање за остри мерки на штедење во буџетското трошење.
Главната тема на Самитот, сепак, се мигрантите и бегалците, околу што и разликите се најголеми. Популистичките влади во Средна Европа се спротивставуваат на предложената квота за прераспределба на бегалците, објаснувајќи го тоа со позиции кои на Западот често се означуваат како националистички.
Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн пред неколку дена побара од ЕУ да ја суспендира Унгарија од членство во Унијата, затоа што, според него, Будимпешта ги крши фундаменталните вредности на кои се темели Унијата.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи, приоритет ќе имаат двата паркинга на Клинички
-

Експлозии и сирени за воздушна тревога во Ерусалим
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје утре поради протестен марш по повод меѓународниот ден на жената
-

Приведен лажен лекар од Дојран, измамил повозрасна кавадарчанка за 300.000 денари
-

Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“
-

Облачно со повремен дожд во наредните два дена, од вторник сончево и тивко
-

Истрага за обид за убиство и загрозување на сигурноста на сопругата
-

„Емирати“ по краткиот прекин, ги продолжува летовите до и од Дубаи
