Меркел: Европа ја има судбината во свои раце

Германската канцеларка Ангела Меркел бара од своите европски партнери да искажат солидарност при решавање на предизвиците со кои се соочува.
Првиот човек на најмоќната европска држава и најсилна економија пред самитот на лидерите на земјите членки на Европската Унија во Ла Валета на Малта изјави дека Европа сама ќе одлучува за својата судбина, јавуваат светските агенции. Меркел од своите европски партнери бара сите да работат заедно за да се дефинира улогата на ЕУ глобално и да се надминат пречките во евроатлантските односи.
- Европа ја има судбината во свои раце. Колку повеќе сме на чисто како ја дефинираме својата улога во светот толку подобро исто така ќе се грижиме за нашите евроатлански односи, изјави канцеларката Меркел, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Една од главните теми на самитот на ЕУ во Ла Валета е решението за бранот бегалци кои од Африка преку Италија пристигнуваат во Европската Унија.
Ново на Сител
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
