Меркел и Ердоган ја смируваат топката во Кина

Првата средба меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган по обидот за воен удар на 15 јули мина во контруктивна атмосфера, соопшти денеска прес службата на германската Влада.
Меркел и Ердоган се сретнаа ноќеска, по европско време, на маргините на Г20 самитот во кинескиот град Хангжу.
Според портпаролот на германската Влада, Штефан Зајберт, Меркел и Ердоган раговарале за германско - турските односи, за понатамошна имплементација на договорот ЕУ - Турција за бегалците како и за взаемните грижи во врска со граѓанската војна во Сирија.
Според Зајберт, дискусијата била конструктивна, а германската канцеларка по средбата најави добри вести за прашањето во врска со визната либерализација за турските граѓани кои патуваат во ЕУ, како и за посетата на германски парламентарци кои што не можат да добијат дозвола за влез во воената база Инџирлик каде што се сместени германски војници.
Односите меѓу Германија и Турција се влошија на почетокот на јули, по усвојувањето на резолуцијата со која Бундестагот масакрот врз Ерменците од страна на на османлиската империја во првата светска војна го прогласи за геноцид.
Министерот за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер вчера во Братислава најави дека Турција и Германија место да зборуваат за историјата, наскоро ќе влезат во нова фаза на разговори за сегашноста и иднината.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
