Меркел ја отфрли можноста за отпис на долгот на Грција
Германската канцеларка Ангела Меркел навести дека Германија ќе покаже флексибилност во преговорите за долгот на Грција, но уште еднаш ја отфрли можноста за отпис на долгот.
Во интервју за телевизијата „АРД“, кое го пренесуваат грчките медиуми, Меркел рече дека „класично отпишување на 30, 40 проценти од долгот не може да се случи во монетарната унија“.
Германската канцеларка, која во петокот ги убеди пратениците во Бундестагот да дадат мнозинска поддршка за новиот финансиски пакет за Грција, посочи дека, сепак, е отворена за разговори за начините да се намали товарот на Атина.
Таа рече дека на Грција претходно и се дадени поволни каматни стапки, продолжување на рокови и друга помош.
- Можеме повторно да разговараме за такви работи, истакна Меркел, но додаде дека таквите разговори можат да започнат само откако ќе се финализираат деталите за програмата за Грција.
Иако на минатонеделниот состанок на 19-те лидери од еврозоната беше договорен новиот пакет помош за Грција, сега се разговара за детали.
Разговорите, кои се очекува да траат четири недели, ќе опфатат економски цели и реформи, кои се сметаат за неопходни со цел Грција да добие помош во износ до 85 милијарди евра во текот на следните три години.
Меркел се залага разговорите да завршат што е можно побрзо, наведувајќи дека е важно земјата „брзо повторно да застане на две нозе“.
Ново на Сител
-
Трамп сака украински минерали во замена за континуирана помош
-
Јануари 2025 просечно топол месец и многу сув
-
Истрага против дилер на кокаин во Штип
-
Почувствуван земјотрес во Штип и околината
-
Роналдо: Не сум јас виновен што сум најпознат и најпопуларен, бројките не лажат
-
Карлсен го повика претседателот на ФИДЕ да поднесе оставка
-
Мексико: Уапсен злогласниот „Ел Рики“ – вториот човек на картелот Норсете
-
Средба на министерот Тошковски со норвешката амбасадор Кристин Мелсом