Меркел: Не гледам воено решение за конфликтот со Северна Кореја

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави денеска дека е противник на употребата на каква било сила во решавањето на судирот со Северна Кореја, а тоа го порача откако американскиот претседател Доналд Трамп го предупреди Пјонгјанг дека војската на САД е „подготвена“, доколку Северна Кореја „постапи неразумно“.
- Не гледам воено решение за овој судир, туку пред се доследна работа, каква што забележавме во Советот за безбедност на ОН, нагласи Меркел.
- Но, вербалната ескалација ја сметам за погрешен одговор, истакна германската канцеларка, во одговор на прашањето за најновите твитови на Трамп во врска со Северна Кореја.
Таа повика на „многу блиска соработка“, со цел да се намалат тензиите во регионот, „особено соработка на САД и Кина, но и меѓу Јужна Кореја и Јапонија“.
Ново на Сител
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
-

Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори
-

Папата Лав изјави дека војната во Иран „станува се потешка“
-

Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан
-

Променливо облачно со сончеви периоди
