Меркел: План со Турција за бегалците е приоритет за ЕУ

Земјите-членки на Европската унија со сите сили го поддржаа заедничкиот план со Турција за ограничување на приливот на бегалци во Европа, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел рано изутринава, по повеќечасовните разговори со лидерите на 28-члената Унија во Брисел.
- Денеска имам да соопштам нешто важно, а тоа е дека не само што го потврдивме Акциониот план на ЕУ и Турција, туку и го прогласивме за приоритет, рече Меркел, говорејќи за планот за заштита на надворешните граници на Унијата, стопирање на приливот на мигранти и сузбивање на илегалната миграција.
Таа нагласи дека и Австрија го поддржала планот и покрај нејзината еднострана одлука да воведе дневни ограничувања при влезот на бегалците и мигрантите на австриска територија, пренесува Танјуг.
- Во Европа сите секогаш сме партнери, нагласи Меркел.
Таа порача и дека лидерите на ЕУ сакаат да постигнат договор со цел Велика Британија да остане во Унијата.
- Постои желба Велика Британија да се задржи во составот на ЕУ. Стана јасно дека спогодбата за таа цел за многумина нема да биде лесна, но таа желба постои, рече Меркел.
Ново на Сител
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
-

Променливо облачно време, од петок локален дожд и засилен северозападен ветер
-

Од училници до дипломатија – Како Кина ги гради врските со Македонијa
