-->
-->
Меркел: САД и Кина да извршат политички притисок врз Северна Кореја
-->

Германската канцеларка Ангела Меркел ги повика САД и Кина да извршат политички притисок врз Северна Кореја заради нејзината нуклеарна програма, залагајќи се за мирно решение на тензиите.
-Не верувам во воени средства, туку во политичкиот притисок што треба да се изврши врз Северна Кореја од различни страни, рече Меркел за медиумската група Функе, пренесоа британските медиуми.
-Доколку Кина и САД тоа го направат заедно, тоа нема да мине без последици, додаде германската канцеларка.
Кинескиот претседател Кси Џинпинг вчера, во телефонски разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, се заложи за мирно решение на растечките тензии на Корејскиот Полуостров.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Андоновски: Целта е граѓаните што побрзо да ги почувствуваат придобивките од дигитализацијата
-

Марко Блажевски европски шампион - До титулата со доминантен настап во Италија
-

Клековски: Системот за рано предупредување за дроги ќе овозможи побрза заштита на здравјето на граѓаните
-

Ученик нападнал соученик со тврд предмет во основно училиште во Аеродром
-

Не застанал на полициска наредба, па со „мерцедес“ удрил полицаец
-

Радовишанец се заканувал на вработени во странска амбасада, заврши на психијатриско посматрање
-

Андоновски: Европската оценка е важна потврда за напредокот во дигиталната трансформација
-

Мицкоски: Продолжуваме со реформите за економски развој и подобар животен стандард
