Меркел: Сите страни треба да го почитуваат нуклеарниот договор
Германската канцеларка Ангела Меркел повторно ги повика сите страни да го почитуваат нуклеарниот договор со Иран, и покрај одлуката на Техеран да го зголеми збогатувањето на ураниум и дејствијата на САД да воведат економски санкции.
Според договорот, склучен во 2015 година, Иран се договори со Кина, Франција, Германија, Русија, Велика Британија и САД да ја ограничи својата нуклеарна програма.
– Се согласивме дека треба да направиме се што е потребно за да го почитуваме договорот. Германија е убедена дека Иран не треба да придонесува или да располага со нуклеарно оружје. Поради тоа ние ќе продолжиме да ги користиме сите дипломатски средства за да го поддржиме тој договор, кој секако не е идеален, но тоа е документ и ги содржи обврските на сите земји, изјави Меркел за време на заедничката прес-конференција со рускиот претседател Владимир Путин во Москва.
Ново на Сител
-
Детектор: Две третини граѓани не веруваат во фер судење во Македонија
-
АХВ уништи 110 килограми болничка храна
-
Власта и опозицијата со обвинувања - Кој е виновен за високите цени
-
Компаниите од штипската тир зона не се заинтерсирани за вклучување во дуалното образование
-
Дел од еколозите против издавањето на езерото под концесија
-
Преглед на вестите од светот
-
Пронајден телефон кај осомничениот за сообраќајката, контрола во затворот и најава за дисциплинска постапка
-
Тема на денот со Мариуш Бримора, амбасадор на Полска