Меркел: Со Трамп имам добри работни односи
И покрај тензиите меѓу САД и Германија по изборот на Доналд Трамп за претседател, германската канцеларка Ангела Меркел ги оценува како добри односите кои што се однесуваат на професионалната соработка со шефот на американската држава.
- Претседателот Трам и јас развивме добри работни односи, кои не исклучуваат различни гледишта, изјави денеска Меркел за германската медиумска група РНД, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
Според неа, за да се надминат проблемите во Сирија, Украина или Јемен, за да им се помогне на луѓето таму, потребно е силно вклучување на САД.
За време на изборната кампања лани, Трамп во неколку наврати ја обвини Меркел дека неодговорно дозволила влез на над еден милион бегалци и ја „руинирала“ Германија. По изборот за претседател, неговата администрација остро ја нападна Германија и ја обвини дека ја злоупотребува својата позиција во меѓународната трговија и работи само за своите економски интереси.
Во честитката за изборот на Трамп, Меркел му порача дека тој мора да ги почитува сите граѓани без разлика на потеклото, бојата на кожата, религија, полот, сексуалната ориентација или политички гледишта, што во Вашингтон беше дожиеавно како силна критика за новата администрација.
Невообичаениот однос меѓу Трамп и Меркел, продолжи и за време на нивната прва средба во март во Вашингтон, кога претседателот на САД одби да се ракува со гостинката пред медиумите.
Од март, двајцата лидери редовно зборуваат на телефон, а минатата недела гостинка на германската влада беше и неформалниот советник на Трамп, неговата ќерка Иванка.
Во нејзиното неделно обраќање до јавноста на интернет, Меркел денеска ги отфрли уште еднаш критиките од САД за германскиот трговски суфицит, објаснувајќи го овој тренд со зголемената побарувачка на германски производи во странство и инвестициите во домашната индустрија.
Ново на Сител
-
Си пред посетата на Србија го критикуваше НАТО за бомбардирањето на Белград во 1999 година
-
ЕУ одобри шест милијарди евра за Балканот, Рама: Историски момент, кој внесува нов импулс во процесот на проширување
-
Девизните резерви во април зголемени за 41,9 милиони евра
-
Анонимна пријава за случаи со поткуп од политичка партија во Кичево
-
Во Делчево денеска гласаат 222 болни и изнемоштени лица за претседателските и парламентарните избори
-
Советот на ЕУ го усвои првиот закон за борба против насилство врз жените
-
И во Шпанија студентите подготвуваат протести против Израел
-
Претреси во Охрид поради фотографирање избирачки список и гласачки ливчиња