Свет
7. January 2016 - 15:39

Меркел: За да функционира Шенгенската зона неопходна е заедничка политика на ЕУ за бегалците

Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави денеска дека треба да бидат направени сите напори за зачувување на Шенген-зоната за слободно движење во Европската унија.

Таа додаде дека сепак, тоа зависи од заеднички европски одговор на бегалската криза.

- Не сакам да давам конкретни предупредувања или велам - што ќе се случи, ако - но, сакам да кажам дека Шенген системот може да работи само ако има заедничка одговорност во прифаќањето бегалци и заедничка одговорност за заштита на надворешните граници, изјави Меркел на заедничка прес конференција со романскиот премиер Дачиан Чолош.