-->
-->
Меси ќе пропушти седум натпревари на Интер Мајами поради учество во Купот на Америка
-->

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси ќе пропушти седум натпревари во американската МЛС во 2024 година, пишува „Daily Sport“.
Фудбалерот нема да биде присутен на натпреварите на тимот против ДЦ Јунајтед, Њујорк Ред Булс, Филаделфија, Колумбус Кру, Нешвил, Шарлот и Синсинати поради учеството на аргентинската репрезентација во Купот на Америка.
Турнирот ќе се одржи од 20 јуни до 14 јули во летото 2024 година. А бидејќи МЛС не се согласува со календарот на ФИФА, во исто време ќе се играат и натпревари од американското првенство.
Меси ќе се приклучи во Интер Мајами во 2024 година со поранешниот соиграч од Барселона, Луис Суарез, кој потпиша со клубот во декември.
Новата сезона во МЛС започнува на 21 февруари 2024 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Опожарен продажен објект во Куманово
-

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти
-

Ќе бидат обележани околу 150 „црни“ точки на скопските улици за поголема безбедност во сообраќајот
-

Во Дебарско лани се родиле 148 бебиња, од нив 132 во Општина Дебар и 16 во општина Центар Жупа
-

Од компликација од грип почина 62-годишен маж
-

Приведен 51-годишник од Пепелиште, при претрес пронајдени се 25 туби со по 20 литри нафта за кои не поседувал документација
-

Град Скопје блокираше 18 илјади сметки за неплатен данок на имот
-

Кривична за 46-годишник од Гостивар, преку коментари на социјалните мрежи ширел омраза
