-->
-->
Меси подобри рекорд на Чави
-->
Мега-ѕвездата на Барселона, Лионел Меси, продолжува да ги подобрува рекордите во каталонскиот клуб.
Аргентинецот постигна „хет-трик“ при победата со 4:1 над Бетис, а со својата игра заслужи аплауз на публиката во Севиља.
Победата беше број 477 во кариерата на Меси со тимот на Барселона. Така тој го надмина поранешниот фудбалер на тимот Чави Ернандез, кој има 476.
На Меси му беа потребни 674 натпревари за постигнување на рекордот, додека Чави одигра 767.
За Аргентинецот ова беше и победа број 333 во Примера дивизион, а само еден успех го дели од изедначување на постигнувањата на рекордерите по овој показател – Андони Зубизарета (Барселона) и Икер Касиљас (Реал Мадрид), кои имаат по 334 освоени натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Почина 24 годишен пациент кој беше на лекување во ВМА – 62 жртва на пожарот во Кочани
-
Бектеши останува во 30 дневен притвор – Папазов оди дома
-
Обвинителството бара повисока казна за возачот кој ја прегази Теодора
-
Стручен надзор на Кардиохирургија
-
Кос од Бугарија изрази надеж дека Скопје и Софија ќе го надминат спорот