Џет-Сет
12. February 2016 - 10:49

Мет Дајмон го исмеа Лео ди Каприо: Филм може да се сними и на полесен начин

Леонардо ди Каприо се надева дека годинава конечно ќе го добие толкуочекуваниот Оскар, но и не престанува да се жали на условите во кои го снимал филот „Повратник“, кој му ја донесе овогодишна оскаровска номинација.

Лео раскажува дека снимањето траело неколку месеци, а екипата морала да се справува со студеното време и фактот дека се морало да биде снимено на природно светлина.

Тажната исповест на Леонардо стигна и до актерот Мет Дајмон, кој исто така годинава е номиниран за Оскар за главна машка улога во филмот „Марсовец“ на Ридли Скот, па тој се пошегува на сметка на неговиот колега и пријател.

- Секоја вечер во шест часот, трубата означува крај на снимањето, по што јас и Ридли Скот одевме на вечера Тоа е начинот како се снима филм, кој го завршивме порано и заштедивме два милиони долари. И Лео, не ни беше воопшто студено. Постојат и полесни начини да се сними филм, изјави Мет на церемонијата на доделувањето на наградите на Здружението на режисерите.

Леонардо и неговата екипата се смееја на шегата, но веруваме дека од внатре и не им беше толку смешно.

Имено, филмот на Леонардо ди Каприо се снимаше нешто повеќе од една година, финансиски чинеше 135 милиони долари, а на кино благајните досега заработи над 300 милиони долари. „Марсовец“ се снимаше 70 дена, финансиски чинеше 70 милиони долари, а заработи повеќе од 605 милиони долари.

Дали некој од главните актери на оваа приказна наскоро дома ќе го понесе Оскарот за најдобра машка улога, останува да почекаме до 28 февруари.