Метеоролозите со најнови прогнози: Еве кога ќе падне првиот снег
Оние кои уживаат во снегот оваа година ќе се изначекаат да го видат во главниот град.
Снежни врнежи според прогнозите на подолг рок во главниот град може да се очекуваат некаде во втората половина на наредниот месец.
По натпросечно високите температури кои ќе се задржат и наредната недела кон средината на месецот се најавува заладување кое до крајот на ноември ќе ги спушти температурите и под просекот за овој период.
Слично време се очекува и кон крајот на месецот и почетокот на идниот кога утрата редовно ќе бидат во минус а дневните температури нема да се качат над 8 степени.
Во втората половина на декември се најавува продор на влажна маса која во комбинација со температурите кои веќе во текот на денот ретко ќе надминуваат 3 степени може да услови снежни врнежи.
Влажно време според прогнозите не чека и за новогодишните и божиќните празници.
Ново на Сител
-
Милошевски: РФМ ќе поднесе жалба за судењето
-
Холандија ја совлада Македонската репрезентација во Вараждин
-
Средба на Владата и Синдикатот по враќањето на премиерот од САД
-
Израел одреди 95 палестински затвореници кои ќе бидат разменети за 3 жени заложници
-
Врховниот суд во САД потврди закон за забрана за ТикТок
-
Во Куманово ограбена бурекчилница
-
Политико: ТикТок ќе обезбеди 50.000 долари за инаугурациската забава за Трамп
-
Автобус на ЈСП прегази 60-годишен маж кај Транспортен